Свет Балкан Орбан: Никогаш повеќе нема бегалци да влезат во Унгарија

Орбан: Никогаш повеќе нема бегалци да влезат во Унгарија

Унгарија никогаш повеќе нема да дозволи бегалци да влезат на нејзина територија, рече денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

– Имигрантската рута може да оди каде сака, но сигурно нема да минува низ Унгарија – рече Орбан во неделното интервју за радио „Кошут“.

Унгарија беше дел од таканаречената балканска рута додека Орбан не ја затвори границата прво кон Србија, а потоа и кон Хрватска.

Орбан, кој покажа отворено непријателство кон имигрантите, особено кон муслиманите, ја даде изјавата како одговор на нагаѓањето дека бегалците од балканската рута би можеле да тргнат кон Романија, а потоа кон Унгарија.