Свет Европа Орбан: Европската комисија е виновна за кризата во ЕУ

Орбан: Европската комисија е виновна за кризата во ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја обвини Европската комисија за кризата во Европската Унија и ги повика земјите членки да ги повлечат овластувањата од рацете на Брисел.

Во текстот објавен во весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, тој повика да се стави точка на „идеализирањето на европскиот проект“ и укажува дека излегувањето на Британија од ЕУ е доказ за пропустите на Европската комисија.

Според Орбан, кризата во ЕУ настаната поради отворањето на границите на 28 членки и прекумерните трошења на некои земји членки со „премолчено одобрување“ од Комисијата, за која вели дека требало да го спречи и едното и другото. Орбан оценува дека најголемите европски достигнувања, како што е заедничката валута и единствениот пазар, кој не е заштитен со шенгенската зона, сега се наоѓаат во опасност.

Унгарскиот премиер тврди дека тој лично помогнал во спасувањето на Европа и начинот на живеење на својот народ со тоа што го затворил границите на Унгарија за бегалците и за мигрантите. Орбан рече дека треба да се смени рамнотежата внатре во ЕУ, во полза на националните држави над европските институции.