Македонија Орав: Поради закани кон мене, Хан и кон Ванхауте, мораме да го...

Орав: Поради закани кон мене, Хан и кон Ванхауте, мораме да го зголемиме обезбедувањето

Евроамбасадорот Аиво Орав на седницата на собраниската Комисија за европски прашања и на Националниот совет за евроинтеграции, рече дека европските претставници добивале закани и дека поради тоа мора да се зголеми нивното обезбедување.

– Ние сме тука за да ви помогнеме, бидејќи вие сте земја-кандидат. Но, почна негативна кампања против посредниците на Европската унија и кон еврокомeсарот Хан, како и против неговиот експерт во Скопје, Ванхауте. Заканите се зголемени до таа точка, што во некои случаи мора да се зголеми нашето обезбедување – изјави Орав.

Орав рече дека е рано да се прогласи за мртов Договорот од Пржино, иако има постојано доцнење во имплементирањето.