Македонија Општина Тетово го објави списокот на договори на дело склучени за 2021...

Општина Тетово го објави списокот на договори на дело склучени за 2021 година

Фото: Порталб.мк

Општина Тетово денеска на својата веб-страница ја објави листата со сите 812 договори на дело склучени во текот на 2021 година, пренесува Порталб.мк.

Од Општината соопштуваат дека договорите се склучени меѓу физички лица и општина Тетово, под раководство на структурите од претходната власт.

„На лицата кои донеле извештај за сработеното, согласно нивниот договор, ќе им бидат исплатени сите преостанати плати кои не беа исплатени како резултат на увидот за овој законски прекршок на претходната власт. На оние пак, кои не испратиле извештај за сработеното, ќе им биде испратено известувањето за враќање на добиените средства од нивните договори во буџетот на општина Тетово. Во спротивно, ќе се соочат со кривични пријави“, велат од општина Тетово.

Од таму ветуваат дека ќе продолжат со овој тренд на транспарентност и секој месец ќе ги објавуваат сите договори за вработените со договор на дело на официјалната веб-страница на општината како и на Фејсбук.

Комплетната листа со договори е достапна на овој ЛИНК.

Порталб.мк потсетува дека вкупниот долг на Општина Тетово е над 24 милиони евра, од кои општината должи над 14 милиони евра, ЈКП „Тетово“ над 9,6 милиони евра, ЈП „Градски паркинг“ над 87 илјади евра и училиштата над 77 илјади евра.