Економија Општина Струмица ќе субвенционира 50 приклучоци на гас, во износ од 100...

Општина Струмица ќе субвенционира 50 приклучоци на гас, во износ од 100 евра по приклучок

Советот на Општина Струмица на вчерашната седница донел одлука наредниот период да субвенционира 50 приклучоци на гасоводната мрежа во износ од 100 евра во денарска противредност, од вкупно 600 евра колку што изнесува цената на приклучокот.

Ова денеска на прес конференција го истакна директорот на ЈП за енергетски дејности „Струмица гас“, Благој Милановиќ. Тој додаде дека, пред новата грејна сезона треба да се приклучат уште дваесетина нови корисници, болницата и Секторот за внатрешни работи-Струмица.

-Имаме поднесено барање за кредит за изградба на нови седум километри дистрибутивна гасоводна мрежа во градот. Постапката со кредитот од Светска банка веќе е во завршна фаза и очекуваме во секој момент тој да биде одобрен и да се почне со активностите за изградба – Милановиќ.

Со изградбата на нови седум километри, вкупната должина на гасоводната мрежа ќе изнесува над 40 километри, а ќе се гради и дистрибутивна мрежа кон селото Дабиле.