Македонија Општина Сопиште го бара споменикот на Ќосето за да го постави на...

Општина Сопиште го бара споменикот на Ќосето за да го постави на кружниот тек

Општина Сопиште бара од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради, да им го отстапат споменикот на Андон Јанев Ќосето, откако Град Скопје го отстрани пред Судска палата тврдејќи дека е дивоградба.

Ова одлука општината ја донела по денешната седница на Советот на која било одлучено доколку Здружението им го даде споменикот, тој да биде поставен на кружниот тек во селото.

„Доколку ова наше барање биде прифатено, споменикот би се поставил на кружниот тек во село Сопиште, кој беше изграден при изградба на регионалниот пат кој го поврзува Сопиште со Сончев Град и Градот Скопје, а кој простор се уште не е доуреден. Барањето го поднесуваме согласно донесена Одлука од страна на Советот на општина Сопиште на седница одржана на ден 27.02.2018 година. Се надеваме на позитивен одговор од Ваша Страна“, стои во барањето до Здружението.