Македонија Општина Карпош: СДСМ се најголемите лажговци на политичката сцена

Општина Карпош: СДСМ се најголемите лажговци на политичката сцена

„Најголемите лажговци на политичката сцена во Македонија, Социјалдемократскиот сојуз предводен од Бранко Црвенковски и од Зоран Заев, не престанаа да се занимаваат со кражби. Овојпат, измислија кражба на зеленилото во Карпош. Наводно, Општината ќе им ги украла зеленилото и дрвјата на граѓаните и тоа, ни помалку ни повеќе, преку урбанистички план“, реагираат од Општина Карпош на прес-конференцијата на советничката група на СДСМ во оваа општина.

„На лагите на СДСМ, граѓаните не им веруваат. Преку најновото фијаско на советничката група на СДСМ во Советот на Карпош, на денешната конференција за печат, самите си го признаа дебаклот и немоќта затоа што не можат да ги соберат потребните потписи од жителите на Карпош 4 и нивната „иницијатива“ паѓа во вода.  Да им укажеме дека граѓаните на Карпош уште еднаш ги потсетија дека поддржуваат идеи и проекти и дека веќе лесно ги препознаваат нивните манипулации затскриени зад плаштот на граѓанството“, реагираат од Општината.