Македонија Општина Карпош: Јакимовски еклатантно мислеше на земјотреси и тогаш кога ги немаше

Општина Карпош: Јакимовски еклатантно мислеше на земјотреси и тогаш кога ги немаше

„За разлика од градоначалниците на СДСМ, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој според Вас го нема сега околу земјотресите, го имаше еклатантно пред четири години. Тој помисли тогаш на земјотресите, кога воопшто и немаше ваква сеизмичка активност. Општина Карпош е единствената локална самоуправа во државава која согласно законот има комплетна опрема и екипа за заштита и спасување: Таа располага со три шатори во кои можат да се сместат 60 лица, 60 кревети, исто толку душеци, кебиња, чаршафи и перници“, стои во реакцијата на Општина Карпош на текстот Земјотресите ги исплашија: Каде исчезнаа Тодоров, Груевски, Трајановски и Јакимовски?.

Во текстот на реакцијата се вели и: „Убаво би било, да ги прашате градоначалниците Заев и Дамјановски, бидејќи се три мандати градоначалници, дали располагаат со ваква опрема во своите општини, а Жерновски нема потреба да го прашувате, бидејќи тој е новајлија во градоначалничката функција“.

Интегралниот текст од реакцијата на Општина Карпош може да го прочитате тука.