Македонија Општина Гази Баба нуди правни совети за граѓаните од поплавените подрачја

Општина Гази Баба нуди правни совети за граѓаните од поплавените подрачја

В понеделник, среда и в петок претстојната недела, од 10 до 13 часот во месната заедница Стајковци и од 13 до 14 часот во месната заедница Ченто, ќе се одржат средби со граѓани на овластеното здружение за обезбедување претходна правна помош, Македонско здружение на млади правници – Скопје (МЗМП).

Правната помош треба да им олесни на граѓаните во закрепнување од последиците од природната непогода, информираат од Општина Гази Баба.

Помошта ќе вклучува информации и совети за постапката за надомест на штета предвидена со Законот за заштита и спасување на лицата од засегнатите места што претрпеле штета од поплавите.