Македонија Општина Центар со препорака до јавните и угостителски објекти да ја прилагодат...

Општина Центар со препорака до јавните и угостителски објекти да ја прилагодат музиката

Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски изразуваат сочувство за смртта на 14-годишната Вања и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски

Фото: Мета.мк

Општина Центар, по повод трагичната смрт на Вања Ѓорчевска, ученичка во 9-то одделение во ООУ ,,Јохан Хајнрих – Песталоци“, даде препорака до сите јавни и угостителски објекти на територија на општината во следните два дена да ја прилагодат музиката согласно жалниот настан.

Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски изразуваат сочувство за смртта на 14-годишната Вања и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.