Свет Европа Определени политичките групи од кои ќе бидат известувачите на ЕП за Западен...

Определени политичките групи од кои ќе бидат известувачите на ЕП за Западен Балкан

Како што јавува порталот Европски Западен Балкан (EWB) Европскиот парламент веќе определил од која политичка група ќе доаѓаат известувачите за земјите од Западен Балкан.Така, за Македонија, како и во претходниот мандат на Парламентот, известувачот ќе го даде Групата за обнова на Европа (поранешниот Сојуз на либералите и демократите), а за Косово ќе известува парламентарец претставник на Зелените.Известувачите за Србија и Босна и Херцеговина се од Европската народна партија, додека нивните колеги за Албанија и Црна Гора ќе бидат од групата на Прогресивниот сојуз на социјалистите и демократите.