Македонија Опозициската коалиција го поздрави постигнатиот политички договор

Опозициската коалиција го поздрави постигнатиот политички договор

Коалициските партнери на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и претседателите на партиите што се придружија на опозициската коалиција, одржаа состанок на кој едногласно го поздравија постигнатиот договор за надминување на политичката криза во земјата.

„На состанокот беше заклучено дека создавањето преодна влада без Никола Груевски, која ќе ги организира следните парламентарни избори, е клучен чекор за обезбедување фер и демократски избори. Едногласна е оцената дека именувањето специјален јавен обвинител ќе обезбеди независна и целосна истрага на сите откриени злоупотреби на власта. „Вистината за Македонија“ ги обедини граѓаните во борбата за демократска и за европска Македонија. Заедничкото дејствување и силното единство во опозициската коалиција е сериозен импулс за понатамошен исчекор во битката за остварување на зацртаните цели. Во таа насока на состанокот беа дефинирани следните чекори на заедничко дејствување на опозициската коалиција“, се вели во соопштението од коалицијата.