Свет Балкан Опозицијата во Црна Гора повторно ќе организира протести

Опозицијата во Црна Гора повторно ќе организира протести

Претседателството на Демократскиот фронт одлучи дека опозициските партии во Црна Гора повторно ќе организираат протести на 24 и на 25 јануари.

Тие ја бојкотираат работата на парламентот во кој на 25 јануари ќе се гласа доверба во Владата на премиерот Мило Ѓукановиќ.

Демократскиот фронт досега организираше повеќе демонстрации, на кои се бараше оставка на актуелната влада и формирање преодна влада која ќе ги организира парламентарните избори.