Свет Опозицијата победи на изборите во Венецуела

Опозицијата победи на изборите во Венецуела

Опозицијата во Венецуела освои контрола над државното законодавство, наведува националната изборна комисија, што е жесток удар за социјалистичката влада која веќе 16 години раководи со конгресот.

Широката коалиција МУД, која ја сочинува десниот центар, освоила мнозинство, односно 99 од 167 места во државниот парламент, објави денеска претседателот на националната изборна комисија, Тибисеј Луцена.

Социјалистичкиот претседател, Никола Мадуро, се појави на телевизија и го прифати поразот.

– Мораме морално и етички да постапиме и да ги признаеме овие резултати, да ги прифатиме и да речеме дека во нашата Венецуела победила демократијата и уставниот поредок – рече Мадуро.