Македонија Опозицијата денеска нема да ја објави „бомбата“ за смртта на Младенов

Опозицијата денеска нема да ја објави „бомбата“ за смртта на Младенов

Опозицискиот СДСМ денеска, кога се навршуваат две години од смртта на новинарот и сопственик на „Фокус“, Никола Малденов, нема да одржи прес-конференција на која би биле објавени снимките, кои, како што претходно беше најавувано, содржат разговори околу трагичниот настан, потврди за „Мета“ портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

– Денеска нема да има прес-кнференција во врска со темата за која прашувате. Ние повеќепати најавивме дека ќе ги објавиме материјалите што ги поседуваме за Младенов и тоа и ќе го направиме – вели Шилегов.

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, досега повеќепети, на прес-конферециите за „бомбите“, во интервјуа за домашни и за странски медиуми, најави дека ќе ги обелодени и снимките што се однесуваат на смртта на Никола Младенов, па се појави претпоставка дека тоа е можно да се случи токму денеска, кога навршуваат две години од неговото загинување.