Хроника Опожарено „бе-ем-ве“ во скопското село Света Петка

Опожарено „бе-ем-ве“ во скопското село Света Петка

Полицијата вчера добила пријава дека во скопското село Света Петка е опожарено возило, информираат од МВР.

Според полицијата, станува збор за автомобил марка „бе-ем-ве“, со швајцарски регистарски ознаки, сопственост на И.А. (51), а бил опожарен меѓу средата и четвртокот, во периодот од 17.30 до 3.30 часот.

Полицијата работи на расчистување на случајот и откривање на причините и околностите за настанувањето на пожарот.