Хроника Опожарени три објекти во центарот на Скопје

Опожарени три објекти во центарот на Скопје

На 30 декември, околу 9.45 часот, во Скопје, на улица Мирче Мацан настанал пожар во барака, при што биле зафатени и целосно опожарени три објекти, од кои еден сопственост на ЈП „Улици и патишта“, сервис за плински уреди сопственост на С.Ѓ. и адвокатска канцеларија сопственост  на Р.Р.

Пожарот е изгаснат, а повредени лица нема.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.