Хроника Опожарени два автомобила во Битола

Опожарени два автомобила во Битола

Утрово, околу 3.40 часот, на улицата Тошо Даскалот во Битола, бил опожарен автомобил, марка „тојота корола“, сопственост на П.Ј. (59), информираат од полицијата.

Како што појаснуваат оттаму, автомобилот целосно изгорел во пожарот, кој зафатил уште едно возило, марка „бе-ем-ве 525“, сопственост на В.Д.(42), паркирано во непосредна близина.

Полицијата ги утврдува причините за пожарот и презема мерки за целосно расчистување на случајот.