Хроника Опожарен автомобил на кумановец

Опожарен автомобил на кумановец

Рано утрово, на улица во Куманово, бил опожарен автомобил, марка „бе-ем-ве“, сопственост на жител на градот, информираат од МВР.

Пожарот, кој се случил околу 3.40 часот, на улицата 11 Ноември, бил изгаснат од екипа на противпожарната бригада.

Полицијата извршила увид на местото и презема мерки за расчистување на случајот и за утврдување на причините за опожарувањето на автомобилот.