Свет Балкан Опасност од поплави во Бугарија

Опасност од поплави во Бугарија

Бугарскиот Национален институт за хидрологија денеска соопшти дека од утре се очекува значително зголемување на нивоата на реките во Западна Бугарија, јавуваат бугарските медиуми.

Во соопштението на институтот се наведува дека е неопходно „зголемено внимание“ на реките.

Ваквото предупредување се должи на зголемениот обем на врнежи во Бугарија, што може да предизвика пораст на нивоата на реките во следните два дена.