Македонија Онлајн вебинар „Сајбер безбедност – Како да се заштитиме во дигиталниот свет“

Онлајн вебинар „Сајбер безбедност – Како да се заштитиме во дигиталниот свет“

Илустрација: Фондација Метаморфозис

Фондацијата Метаморфозис организира онлајн вебинар „Сајбер безбедност – Како да се заштитиме во дигиталниот свет“ што ќе се одржи на 29 септември на платформата Зум од 10 до 13:30 часот. Вебинарот ќе биде на албански јазик.

„Вебинарот цели кон запознавање на граѓаните, граѓанските организации и бизнисите со разни видови на сајбер закани и давање на совети за како да се препознаат сабјер заканите и како да се заштитат од нив. Меѓу другото, вебинарот ќе се осврне на основите на сајбер безбедност, најчестите извори на сајбер закани и како да се справиме со нив, безбедни комуникации преку Интернет, заштита на лични податоци преку Интернет, социјални мрежи и потенцијални повреди на човековите права, како и надлежни институции за справување со сајбер безбедност“, стои во најавата.

Вебинарот ќе биде на албански јазик и ќе се одвива преку ZOOM платформата.

Сите заинтересирани да го проследат вебинарот се поканети да ја пополнат регистрациската форма најдоцна до 26.09.2022.

Од Фондацијата информираат дека поради потребите на проектот, вебинарот ќе се снима и ќе биде објавен на YouTube каналот на Фондација Метаморфозис, по што ќе биде споделуван по социјалните медиуми.