Свет ОН: Во Украина досега загинале 9.333 луѓе

ОН: Во Украина досега загинале 9.333 луѓе

Обединетите нации (ОН) проценуваат дека во досегашниот конфликт во Источна Украина загинале 9.333 луѓе.

Во март таа бројка изнесуваше 9.160 луѓе. Бројот на ранетите е околу 21.400 лица.

Во извештајот се наведува дека борбите особено ескалирале во изминативе неколку недели и тоа на ниво како во август 2014 година, кога биле најинтензивни.

Двете страни во конфликтот, украинските владини сили и сепаратистите поддржани од Русија, се обвинуваат и за тоа кој е виновен што меѓународните надгледувачи не можат да вршат контрола на примирјето постигнато лани во февруари.