Свет ОН се подготвени повторно да испратат помош во Сирија

ОН се подготвени повторно да испратат помош во Сирија

Обединетите нации соопштија дека се подготвени повторно да почнат да испраќаат хуманитарни конвои за Сирија, иако помошта за оваа земја беше сопрена по нападите на конвојот во понеделникот.

Камионите ќе бидат насочени во одредени зони, но внимателно и претпазливо, рече претставникот на ОН за Сирија, Стефан де Миструра.

Во меѓувреме, САД ги испратија сите свои авиони во клучните зони за да го помогнат одржувањето на мирот во Сирија.

Меѓународните сили, вклучувајќи ги Русија и САД, денеска во Њујорк ќе ги разгледуваат мировните напори.

Де Мистура рече дека сè уште постои надеж за договор, додавајќи дека САД и Русија ја делат одговорноста.