Свет ОН: Преговори за Сирија на почетокот на 2016 година во Женева

ОН: Преговори за Сирија на почетокот на 2016 година во Женева

Преговорите за Сирија, кои ќе се водат под покровителство на Обединетите нации, се планирани за почетокот на следната година и ќе се одржат во Женева, јавија светските агенции, повикувајќи се на извори од ОН.

– Преговорите ќе се одржат во Женева, но точниот датум не е одредени – соопшти портпаролот на ОН, Реал Леблан.
Членките на Советот за безбедност на ОН на 19 декември едногласно ја усвоија резолуцијата со која се одобруваат мировните преговори за Сирија.

Тоа досега е најголем знак на поддршка од Советот за безбедност за наоѓање решение за граѓанската војна во земјата.

Едно од прашањата за кое ќе се расправа е и кои групи ќе можат да бидат дел од преговарачкиот тим на опозицијата, а кои ќе бидат квалификувани како терористички организации.

За време на петгодишните судири во Сирија, загинале повеќе од 300.000 лица, а се проценува дека раселени се четири милиони лица.