Свет ОН предупредуваат на забрзан напредок на вооружувањето на Северна Кореја

ОН предупредуваат на забрзан напредок на вооружувањето на Северна Кореја

Јукија Амано, директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија која е дел од Обединетите нации, изјави дека Северна Кореја бргу напредувала во развојот на вооружувањето.

Амано рече дека тоа го покажала шестата нуклеарна проба што Северна Кореја ја изведе на 3 септември. Тој предупреди дека таа најсилна нуклеарна проба на Пјонгјанг претставува нова закана.

– Сега е најважно меѓународната заедница да се обедини – рече Амано по состанокот со шефот на дипломатијата на Јужна Кореја, Канг Кјунг-вао, за време на посетата на Сеул.