Свет Европа ОН: Околу 1.000 лица загинаа за време на примирјето во Украина

ОН: Околу 1.000 лица загинаа за време на примирјето во Украина

Речиси 1.000 лица се убиени во Украина од потпишувањето на примирјето меѓу Киев и проруските активисти, а бројот на раселените е речиси двојно поголем, соопштија Обединетите нации.

Во просек, од 5 септември, откога примирјето стапи на сила, во текот на осумте недели, по 13 лица гинат на ден.

До 18 ноември загинале вкупно 957 лица. Бројот на раселените, заклучно со вчерашниот ден, е зголемен од 275.489 на 466.829, се наведува во соопштението на ОН.