Свет ОН: Лидерите од ЕУ бараат глобални квоти за бегалците

ОН: Лидерите од ЕУ бараат глобални квоти за бегалците

Европските лидери ги повикаа членките на Обединетите нации да воведат глобални квоти за распределба на бегалци за да се реши бегалската криза.

Генералниот секретар Бан Ки-мун вчера на собирот за миграции во седиштето на ОН укажа на потребата за поделба на одговорноста и ги повика земјите да го зголемат бројот на места за сместување на бегалците и еднакво да учествуваат во тие напори.

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, изјави дека Европа нема да може сама да го понесе товарот на бегалската криза и оти е потребен глобален систем на квоти за да се обезбеди праведна распределба на луѓе кои имаат право на азил.
Европа, според Орбан, нема обврска на бегалците да им даде „нов европски живот“, но има „морална одговорност“ да им помогне повторно да имаат живот во своите домови.

Високиот комесар за бегалци на ОН, Антонио Гутареш, го пофали предлогот на Орбан за глобален систем на квоти, истакнувајќи дека постои „универзална одговорност“ за луѓето кои бегаат од насилство и од прогон.