Свет ОН изгласаа резолуција за Сирија

ОН изгласаа резолуција за Сирија

Советот за безбедност на Обединетите нации бара од сите страни во Сирија веднаш да почнат да испраќаат храна, лекови и друга неопходна хуманитарна помош во воените зони.

Членките во вторникот едногласно изгласаа резолуција, изразувајќи незадоволство од тоа што тие што војуваат во Сирија, ги игнорираат претходно договорените барања на ОН и се огорчени бидејќи насилството се влошува.

Резолуцијата се однесува на сириската влада и на Исламската држава, фронтот Ал нусра и на борците поврзани со Ал каеда.

Во резолуцијата се осудува широката употреба на тортура, малтретирање, арбитрарни егзекуции, вонсудски убиства, сексуално и родово насилство, како и сите видови тешки повреди и насилството врз децата.