Главна секција ОН длабоко загрижени од политичкиот ќор-сокак и од кршењата на човекови права...

ОН длабоко загрижени од политичкиот ќор-сокак и од кршењата на човекови права во Македонија

Високиот комесаријат за човекови права на ОН денеска изрази длабока загриженост поради политичкиот ќор-сокак во кој се наоѓа Македонија и неговото влијание врз човековите права.

Портпаролката на Комесаријатот, Сесил Поули, денеска во Женева соопшти дека Високиот комесаријат е „особено вознемирен“ од содржината на неодамна објавените снимени разговори, кои инкриминираат високи претставници за голем број прекршувања на човекови права, вклучувајќи и изборни измами, малтретирања, вршење притисок врз судството и врз медиумите, како и масовното прислушување.

Високиот комесаријат исто така е зaгарижен поради обвинувањата за шпионажа покренати против лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

– Ги повикуваме властите да почнат брза, независна, темелна и непристрасна истрага за сите наводи за прекршувања на законот, без оглед на нивниот извор, и да обезбедат резултатите да бидат достапни за јавноста – рече Поули, апелирајќи властите да побараат одговорност од сите за кои истрагата ќе покаже дека го прекршиле законот и човековите права.

Пуоли истакна дека особено е важно во вакво нестабилно политичка опкружување да се гарантира независноста на судството, да се почитува владеењето на правото, слободата на изразување, како и меѓународните стандарди за правично судење и судски процес.

Високиот комесаријат ги повика политичките партии да се вклучат во суштински дијалог за решавање на политичката криза и со тоа да обезбедат целосно почитување на човековите права.