Свет ОН бара да се истражат злосторствата против човештвото во Бурунди

ОН бара да се истражат злосторствата против човештвото во Бурунди

Истражителите на ОН ја обвинија владата на Бурунди за злосторства против човештвото, вклучувајќи и ликвидации и мачења.

Обединетите нации истовремено го повикаа Меѓународниот кривичен суд што побргу да поведе истрага.

Комисијата на ОН за истрага во Бурунди соопшти дека има оправдани причини да верува дека се извршени злосторства против човештвото и дека ќе останат посветени на случајот во Бурунди.

За таквите злосторства, како што е соопштено, одговорни се највисоки државни инстанци.