Македонија ОМД бара од Трамп да се заложи за членството на Македонија во...

ОМД бара од Трамп да се заложи за членството на Македонија во НАТО

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) побараа од американскиот претседател Доналд Трамп на претстојната средба со грчкиот премиер Алексис Ципрс во Вашингтон да се заложи за членството на Република Македонија во НАТО.

„Од воспоставувањето на дипломатските односи во 1995 година, САД ја поддржуваат Република Македонија во нејзините напори за целосна евроатлантска интеграција. Република Македонија, од друга страна, е силен сојузник и поддржувач на САД во голем број мисии, вклучително во Авганистан. Грција го блокира членството на Македонија во НАТО. Претседателе Трамп, Вие имате одговорност да го браните интегритетот на НАТО како институција и да се осигурате дека им служи на заедничките интереси на евроатлансткото семејство, а не само на тесните интереси на една земја членка. Заложете се премиерот Ципрас да ја тргне блокадата за членство на Република Македонија во НАТО, како знак дека Грција е сериозна во намерата да биде регионален лидер“, стои во писмото кое ОМД го испрати до американскиот претседател Трамп.

ОМД исто така бара Трамп наскоро да обезбеди и посета на висока американска делегација на Република Македонија.