Свет Европа Оланд: Неопходен е притисок врз Москва и врз проруските сили

Оланд: Неопходен е притисок врз Москва и врз проруските сили

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека е неопходно да се изврши притисок врз Русија и врз проруските сили во Украина за да се почитува прекинот на огнот, постигнат во февруари.

– Јасно е дека прекинот на огнот не се почитува во целост – рече Оланд пред новинарите на самитот на ЕУ за Источно партнерство во Рига.

Францускиот лидер рече дека ситуацијата и понатаму е загрижувачка во одредени украински градови.
Русија демантира дека праќа војници или оружје на проруските сили на истокот на Украина и ги отфрла обвиненијата на Киев за кршење на прекинот на огнот.