Свет Европа Олаф Шолц е новиот канцелар на Германија

Олаф Шолц е новиот канцелар на Германија

Германскиот канцелар Олаф Шолц | Фото: fsHH from Pixabay

Олаф Шолц од Социјалдемократската партија е новиот, деветти канцелар на Германија. Тој ја наследи досегашната канцеларка Ангела Меркел со голема поддршка од членовите на Бундестагот. Шолц доби 395 од 707 дадени гласови, што е многу над потребното мнозинство од 369 гласа во Бундестагот со 736 места.

Коалицијата на Социјалдемократската партија (СПД), Зелените и Слободните демократи (ФДП), има 416 места во новиот парламент, избран во септември.

Кабинетот на Шолц е составен од осум мажи и осум жени министри, и ќе биде првата коалиција од ваков вид на федерално ниво во Германија. СПД има седум членови, Зелените пет и ФДП четири.

По 16 години на функцијата канцелар, Ангела Меркел се повлекува од политичката сцена како што најави на почетокот на 2020-тата година. Нејзината конзервативна ЦДУ беше втора на изборите и сега се сели во опозиција.