Дописници Околу 3.000 земјоделци од Прилепско досега се пријавиле за субвенции

Околу 3.000 земјоделци од Прилепско досега се пријавиле за субвенции

Околу 3.000 земјоделци од Прилепско досега го пријавиле своето производство за добивање субвенции од државата за оваа година, соопштија од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Прилеп.

Рокот за пријавување за субвенции е продолжен до крајот на јуни.

Според Коста Дурланов, раководител на подрачната единица, останува да аплицираат уште околу 900 производители.

– До крајот на јуни, очекуваме уште околу 900 апликанти за субвенции за растително и за сточарско производство, со што бројката на пријавени за годинава ќе се доближи до 4.000 – вели Дурланов.

Во меѓувреме, до 15 јуни е рокот за пријавување за субвенции за млекото произведено од јануари до април оваа година, а своето производство досега го пријавиле околу 400 сточари.

Б.Б.