Свет Свет Околу 100 бунтовнички групи ќе го почитуваат примирјето во Сирија

Околу 100 бунтовнички групи ќе го почитуваат примирјето во Сирија

Сирискиот опозициски Висок преговарачки комитет соопшти дека 97 бунтовнички групи ќе го почитуваат договорот за прекин на огнот кој треба да стапи на сила на полноќ и дека за следење на примирјето е оформен посебен воен комитет.

Договор за прекин на огнот постигнаа САД и Русија, а прифатија да го почитуваат сириските власти, опозициските борбени групи, како и Турција.

Прекинот на огнот е привремен и не се однесува на екстремистите, вклучувајќи ја и Исламска држава, како и сирискиот разгранок на Ал каеда.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ќе продолжи со немилосрдната борба против Исламска држава.