Свет Европа Околу 1.300 патници девет часа заглавија под Ла Манш

Околу 1.300 патници девет часа заглавија под Ла Манш

Патниците ги преплавија социјалните мрежи со гневни коментари

Повеќе од 1.000 патници на два возови „евростар“, останаа девет часа заглавени под земја откако кабел се скина во Северна Франција, јавува британскиот весник „Дејли меил“.

Гневните патници велат дека биле оставени во целосна темнина, без свеж воздух и тоалети, откако кабли се скинале меѓу Лил и Кале.

Заглавените се жалат дека останале без свеж воздух и без светлина

Еден од возовите патувал од Лондон до Брисел со 600 патници во него, а поради дефектот, кај Кале заглавил од 20 часот до 4.40 часот, по што возот конечно тргнал.

Проблемот со кабелот кај Лил, заглави 700 патници кои од Лондон патувале кон Париз.

Од „Евростар“ соопштија дека испратиле дизел-воз да ги земе патниците, но не открија зошто толку долго се чекало за ваквата одлука.

Портпаролот на „Евростар“, соопшти дека електричните кабли прегреале на две точки, што е „многу необично“, но возовите поради прекин во дотекот на електрична енергија, не биле во можност да се движат.

Нервозните патници ги преплавија социјалните мрежи со фотографии и со видеоснимки, во кои го опишуваат нивното страшно искуство и го искажуваат гневот кон компанијата која раководи со железничката линија.