Македонија ОЈО бара казна од 10.000 евра за поранешната директорка на Клиниката за...

ОЈО бара казна од 10.000 евра за поранешната директорка на Клиниката за кожни болести

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе предлог за издавање казна од 10.000 евра за поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ – Скопје, која е обвинета за кривично дело – Пренесување заразна болест. Обвинетата зарази 7 свои колеги со оваа болест уште пред да биде хоспитализирана со позитивен наод на Ковид-19.

Директорката која на 29 февруари се врати во државава од Италија, не ги почитувала мерките и заклучоците на Владата, односно по враќањето од високо ризична земја со зголемен број на Ковид-19 позитивни лица, не останала во 14 дневна домашна изолација. Како здравствено лице, била свесна за ризикот но продолжила со своите работи обврски на Клиниката, а на 7 март присуствувала и на симпозиум со што ги довела во опасност сите присутни.

По откривање на случајот, директорката беше разрешена, а во домашна изолација беа 64 вработени од клиниката кои имале контакт со неа.