Македонија Охридската полиција собира помош за поплавените во Тетовско

Охридската полиција собира помош за поплавените во Тетовско

На иницијатива на канцеларијата за односи со јавноста, Секторот за внатрешни работи од Охрид и Граничната полиција – Регионален центар Запад, се вклучуваат во акцијата за собирање помош за настраданото население од поплавените подрачја во Тетовско.

Полициските и другите службеници од полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар, својата солидарност кон граѓаните во поплавените региони ќе ја покажат со доброволно собирање парични средства, како и со донирање преку мобилните оператори на отворените мобилни броеви 070/075/078/ 143-400.