Свет Балкан Оградата на унгарско-српската граница ќе биде завршена до ноември

Оградата на унгарско-српската граница ќе биде завршена до ноември

Унгарија до 30 ноември ќе ја заврши изградбата на оградата долж границата со Србија, соопшти унгарскиот министер за одбрана Чаба Хенде.

Градењето на оградата на границата меѓу Унгарија и Србија почна на 13 јули, седум дена откако парламентот го усвои законот.

Локалните медиуми ја пренесоа изјавата на унгарскиот министер за внатрешни работи, Шандор Пинтер, кој рече дека оградата е привремено решение, но оти е единствен начин да се запре преливот на имигранти.

Тој додаде дека оградата е наменета и за контрола на нелегалното минување на границата и за борба против шверцот и трговијата со луѓе.

– Бегалците се заштитени, но илегалните имигранти нема да минат – рече Пинтер.