Хроника Ограбено казино во центарот на Скопје

Ограбено казино во центарот на Скопје

Непознато лице, маскирано и вооружено со пиштол, вчеравечер извршило разбојништво во автомат-клуб за игри на среќа во населбата Дебар-маало во центарот на Скопје.

Според полицијата, разбојникот побегнал од казиното со плен од околу 51.000 денари.

Како што информираат оттаму, разбојништвото се случило околу 19.30 часот во автомат-клуб на улицата Наум Наумовски Борче. Разбојникот, откако ѝ се заканил на вработената со пиштолот, ѝ дал ќеса во која таа ги ставила парите од дневниот промет.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.