Хроника Ограбени три цркви во Гостиварско, одземени 6.000 денари

Ограбени три цркви во Гостиварско, одземени 6.000 денари

Вчера во полициската станица во Гостивар било пријавено дека во временскиот период од 12 до 18 јули, во селото Церово, непознат сторител со употреба на соодветен предмет насилно ја отворил вратата од црквата „Св. Никола“ и одзел 600 денари, по што го напуштил местото на настанот.

Исто така, било пријавено и дека во временскиот период од 16 до 18 јули во Ново Село, Гостиварско, непознат сторител со употреба на соодветен предмет насилно ја отворил вратата од црквата „Св. Јован“ и одзел 400 денари, по што го напуштил местото на настанот.

Во периодот од 13 до 18 јули, во гостиварското село Сушица, непознат сторител со употреба на физичка сила насилно ја отворил вратата од црквата „Св. Никола“ и одзел 5.000 денари и 100 грама злато во вид на букви, по што го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за расчистување на овие случаи.