Хроника Ограбена бензинска пумпа на „Макпетрол“

Ограбена бензинска пумпа на „Макпетрол“

Непознато маскирано лице рано изутрината во 3.20 часот со закана со пиштол ограбило бензинска пумпа на „Макпетрол“, на улицата Кемал Сејфула во Скопје, при што од вработениот го одзело дневниот пазар, а потоа избегало.

Како што информира МВР, се преземаат мерки за откривање и за пронаоѓање на сторителот, како и за целосно расчистување на грабежот.