Хроника Ограбен стан во скопски Капиштец

Ограбен стан во скопски Капиштец

Непознат сторител провалил во стан на 41-годишен скопјанец, во населбата Капиштец, од каде украл девизи, денари и златен накит, во вкупна вредност од 470.000 денари, односно околу 7.600 евра.

Кражбата, според полициските информации, се случила во периодот меѓу 26 јули и 9 август. Крадецот во станот влегол со употреба на физичка сила и однел 100.000 денари, 700 евра, 200 австралиски и 100 канадски долари и златен накит.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, велат од полицијата.