Свет Европа Официјално отворен најдолгиот железнички тунел во светот

Официјално отворен најдолгиот железнички тунел во светот

Најдолгиот и најдлабокиот железнички тунел во светот „Готард“, кој минува под Швајцарските алпи, денеска и официјално е пуштен во употреба.

Тунелот е долг 57 километри. Изградбата траела речиси две децинии, чинела околу 12 милијарди швајцарски франци, а во неа биле ангажирани 2.400 работници.

„Готард“ ќе ги поврзува северна и јужна Европа.

Според швајцарските власти тунелот ќе биде револуција во европскиот товарен сообраќај. Тунелот го престигна јапонскиот тунел „Сеикан“ кој со должина од 53,9 километри до сега беше најдолг на светот и тунелот пдо Ла Манш, кој ги поврзува Франција и Велика Британија, кој е со должина од 50,5 километри.

Низ тунелот за само 17 минути ќе минуваат 260 товарни и 65 патнички возови.