Свет Европа ОЕЦД: Слабата светска економија ги загрозува финансиите на државите

ОЕЦД: Слабата светска економија ги загрозува финансиите на државите

Слабиот економски раст во светот ја отежнува можноста владите да ги подмируваат своите обврски и долгови, оцени денеска главната економистка на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Кетрин Ман.

Оваа организација во ноември ја намали проекцијата за економски раст во светот за годинава. Со помал раст, државите можат да соберат помалку даночни приходи.

Според Ман, за поголем раст потребен е поттик од централните банки, поголема државна потрошувачка, даночна политика која го охрабрува зголемувањето, како и економски реформи со кои би се усогласиле прописите меѓу земјите.