Свет Балкан Одземен имунитетот на лидерот на бугарската националистичка партија Атака

Одземен имунитетот на лидерот на бугарската националистичка партија Атака

Народното собрание на Бугарија денеска му го одзеде пратеничкиот имунитет на лидерот на националистичката партија Атака, Волен Сидеров, поради скандалот со обвинувањата за шверц на наркотици.

Бугарското јавно обвинителство побара да им биде одземен имунитетот на Сидеров и на неговиот сопартиец, Десислав Чуколов, за да може против нив да покрене обвиненија за „хулиганско однесување“.

– Денеска е многу убав ден за бугарската наркомафија, бидејќи со одземањето на мојот имунитет, таа ми нанесе тежок удар со тешката рака на државната машинерија – изјави Сидеров по гласањето во Собранието.