Свет Балкан Одлуката за запирање на дијалогот целосно ќе се примени, соопшти Тахири

Одлуката за запирање на дијалогот целосно ќе се примени, соопшти Тахири

Парламентарната резолуција за суспензија на дијалогот со Белград во целост ќе биде применета сè додека не биде ослободен поранешниот лидер на ОВК, Рамуш Харадинај, кој во Франција чека судска одлука околу испорачувањето во Србија, соопшти денеска косовската министерка за дијалог, Едита Тахири.

Таа смета дека таквата одлука на парламентот нема да ги загрози односите на Приштина со ЕУ.

Коментирајќи ја иницијативата за трансформирање на косовските сили за безбедност во војска, Тахири рече дека формирањето војска е уставна обврска и волја на народот. Таа оцени дека меѓународниот фактор мора да сфати дека косовското раководство е должно да ја исполни волјата на својот народ.