Главна секција Одложено судењето на Савески и на Куновски

Одложено судењето на Савески и на Куновски

Судењето на двајцата членови на Левица, Здравко Савески и Владмир Куновски, кое требаше да почне денеска, е одложено.

Причината за одложувањето е тоа што сè уште не е утврдена штетата на секој од обвинетите поединечно, а судот одби да се спојат предметите за овие инциденти.

„Остануваме во куќен притвор затоа што обвинителството е неажурно со утврдувањето на штетата врз канцеларијата на т.н. претседател. Како од злато да беа предметите внатре, па тешко да е да се утврди нивната вредност. И си истресле од ракав дека штетата била „околу“ 880.000 денари. Си наддавале за да надоместиме барем капка од огромните суми пари што ги имаат украдено од сите нас! Дотогаш, остануваме во куќен притвор. На досегашните 15 дена, уште минимум девет дена. Ама, им се ближи крајот. Им се ближи крајот на селективната правда и на двојните стандарди! Ќе победиме! За да имаме шанса да ја поставиме Македонија на здрави основи!“, напиша Савески на својот профил на „Фејсбук“.

Савески и Куновски  се обвинети за учество во толпа за време на демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов.

Претходно, судот им одреди мерка куќен притвор и им ги одзеде пасошите.