Свет Одложени мировните преговори за Јемен

Одложени мировните преговори за Јемен

Јеменските мировни преговори, првобитно закажани за 14 јануари, нема да се случат на тој датум, но би можеле да се случат за една или неколку недели, соопшти денеска портпаролот на ОН, Ахмад Фавази, на редовниот брифинг за новинари во Женева.

– 14 јануари е споменат како датум за почеток на преговорите, но мислам дека тој датум повеќе не е на маса. Обединетите нации се надеваат дека преговорите ќе почнат по 20 јануари – рече Фавази.