Свет Балкан Одложена седницата на бугарската Комисија за надворешни работи што требаше да го...

Одложена седницата на бугарската Комисија за надворешни работи што требаше да го разгледa „францускиот предлог“

Скриншот од видеопренос на ФБ страната на бугарскиот парламент

Пратениците во Комисијата за надворешни работи денеска гласаа за одлагање на комисиската седница на којашто требаше да се разгледа францусиот предлог за кревањето на ветото за Северна Македонија, пишува mediapool.bg.

Одлагањето на седницата го предложи Движењето за права и слободи (ДПС), но беше поддржано од ГЕРБ, партијата на екс-премиерот Борисов, кој денеска најави дека ќе го поддржи францускиот предлог за кревање на ветото за Северна Македонија. Но, под услов Владата на Кирил Петков да ја донесе одлуката пред Парламентот да расправа за предлогот.

Портпаролката на Владата, Лена Бориславова претходно изјави оти Петков инсистира, како и претходно, предлогот прво да мине низ парламентарната комисија за надворешна политика, потоа на пленарна седница, а потоа да дојде во Владата.

Петков инсистира „францускиот предлог“ да помине во парламентот па потоа да се одлучува за ветото